
Рокот на употреба на вакцината „Фајзер“ секаде во светот е продолжен од 6 на 9 месеци, а не само кај нас
Не е вистинито тврдењето во постот дека С.Македонија сама решила да го продолжи рокот на фајзеровата вакцина и дека тоа не е случај никаде во светот каде што вакцините се фрлаат. Напротив, Македонија е само една од земјите кои глобално го прифатиле фактот што производителот по своите истражувања, утврдил дека ако не е одмрзната, вакцината може да се користи до 9 месеци од датумот испишан на опаковката. Кај нас тоа е направено во координација со Европската агенција за лекови (ЕМА) и Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, по претходно одобрение издадено од европскиот медицински регулатор, односно ЕМА