
Вакцинираните лица имаат 50 проценти помал ризик од долг ковид
Студија објавена во престижното медицинско списание „Лансет“ од септември 2021, покажува дека целосно вакцинираните луѓе имаат речиси 50 отсто помала веројатност да искусат симптоми на „долг ковид“, споредено со оние кои не биле вакцинирани. Најчестите симптоми на долгиот ковид се екстремен замор, недостиг на здив, чувство на болка и стегање на градите, проблеми со меморијата и концентрацијата, инсомнија, срцеви неправилни отчукувања, вртоглавици и слично. Во земјата веќе се работи со пациенти со долг ковид на Клиниката за пулмологија, а лекувањето некогаш продолжува и во Институтот за рехабилитација Козле. Компликациите може да траат од шест месеци до една година по заздравувањето