
Манипулација – жолтите ленти во Германија не се наци-ленти за невакцинираните
Германија е една од земјите со строги антиковид мерки, каде невакцинираните имаат изразени рестрикции и можат да влезат на малку места, како аптеки и маркети, додека на работа секојдневно приложуваат тест, кој го обезбедува работодавачот. Токму покраината Хесен, каде живее нашинецот кој ја споделил фотографијата со жолтата лента, има едни од построгите правила. На интернет страната на Министерството за труд и социјала на Германија, а и на сајтот на Владата на покраината Хесен има широки инструкции за правилата за вакцини кај вработените, односно компаниите и работодавачите, но никаде не се споменува носење на некакви ленти. При пребарување на Интернет може да се најде дека ленти во различна боја се носат за да се разликуваат вакцинирани и невакцинирани со негативни тестови, но на популарните Божиќни базари