Над дваесет кумановци повредени на замрзнатите улици
Дваесет и двајца кумановци, во последниве два дена, се повредиле откако паднале на тротоарите и улиците на замрзнатиот снег, информираат од Кумановската болница.
Дваесет и двајца кумановци, во последниве два дена, се повредиле откако паднале на тротоарите и улиците на замрзнатиот снег, информираат од Кумановската болница.
Во текот на вчерашниот ден расчистени се повеќе завеани патишта во општината Старо Нагоричане.
Во просториите на општина Куманово денеска се одржа новогодишен коктел за новинарите, директорите на јавните претпријатија и училиштата, и раководители на сектори.
Тротоарите во централното градско подрачје и улиците кои не се толку прометни, се вистински лизгалишта.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Д.(44) оператор, поранешно вработен во „ЕВН-Македонија“-ХЕЦ Куманово и Е.А.(38) електромонтер, поранешен вработен во во „ЕВН-Македонија“-ХЕЦ Куманово за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а второпријавениот и за фалсификување или уништување деловни книги.
Граѓаните за дочекот на Новата година да се воздржат од прекумерно конзумирање на алкохол, и да не возат во алкохолизирана состојба, апелираат од отсекот за превенција при СВР Куманово.
Се расчистуваат патиштата до завеаните села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Управата за јавни приходи врши зачестени контроли во фирмите за издавањето на фискални сметки.
Јавното комунално претпријатије во општина Липково доби камион за собирање на смет, донација од швајцарска компанија од Цирих.
Од утре до 20 јануари, основците и средношколците ќе бидат на зимски распуст.
Нелиценцирани софтвери се откриени во пет кумановски фото судиа и кабловската телевизија во селото Романовце, која работела на “диво“.
М.Н.(51) од Куманово, поранешен стечаен управник во АД ЗИК “Сточарство и преработка“ незаконски присвоил пари од стечајната маса.
Во кумановско-липковскиот регион педесетина села се отсечени од светот, откако вечра ги зафати снежно невреме.
Деведесет автоматски прекинувачи, 21 сигурносни склопки и 7 мерни инструментим, се откриени на граничниот премин Табановце автопат.
Средното техничко училиште “Наце Буѓони“ организира дводневен продажен базар, од кој средствата ќе бидат наменети за корисниците на Дневниот центар “Порака наша“.
Сопствениците на деловни објекти треба да го исчистат снегот од пред дуќаните, во спротивно им следува парична казна.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса