Кумановските лекари го прекинаа штрајкот без исполнети барања
Кумановските специјалисти, кои штрајкуваа за да се укине плаќањето по учинок, велат дека штрајкот е во мирување, но нивните барања не се исполнeти.
Кумановските специјалисти, кои штрајкуваа за да се укине плаќањето по учинок, велат дека штрајкот е во мирување, но нивните барања не се исполнeти.
Два пати годишно повеќето основци посетуваат музеи, а при секоја екскурзија се обрнува внимание учениците да ги видат важните културно - историски споменици.
Во просториите на “Порака наша“, утре во 9 часот ќе се оддржат работилници на темите “Предрасуди и стереотипи“ и “Карактеристички и специфичности на ранливите групи“.
Средбите со граѓаните во Куманово ќе се одржат 12 и 13 февруари од 9 до 18 часот.
Од сабота туристичката агенција “Јоцо Турс“ продолжува да организира шопинг патувања во Солун, откако беше направена пауза поради штрајковите во Грција.
Јавното претпријатие Куманово-гас само ќе ја одредува цената на гасот откако Регулаторната комисија за енергетика дала препорака цената да ја формира Управниот одбор на претпријатието, а да ја одобри Советот на Општината Куманово.
Фирмите кои организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска најдоцна до крајот на месецот, да поднесат Годишен извештај во кој треба да се пријави кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2012 година.
Кумановските стоматолозите тврдат дека само 30 отсто од граѓаните се грижат за своето орално здравје, а останатите ја занемаруваат хигиената на забите. Најчест изговор зошто се доведуваат во таква состојба е дека наводно се плашат да одат на лекар.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, локалните избори ќе ги закаже за 24-ти март, пренесува весникот „Дневник“.
Утринава вода немаат граѓаните на три улици во градот од кои две се во центарот, а една во околната населба Игор Тричковиќ.
До април годинава земјоделците треба да поднесат барање за легализација на тракторите и приколките за кои немаат никаков документ.
Во Куманово, денеска по 13 пат се одржа прославата на Бадник, традиционална манифестација што ја организираат членовите на Здружението Коледари.
Коледарите денеска го посетија селото Орашац, каде со зурли и тапани со мештаните ја започнаа бадниковата веселба, а беа осветени и дабовите гранчиња.
За вработените во Општината Куманово денеска се организираше божиќна прослава на која вработените кршеа лепче со паричка.
Пензионерите денeска ги добија јануарските пензии.
На патот Куманово - Речица во близина на спортскиот аеродром Аџитепе вчера попладне околу 16 часот кумановци пресретнале и тепале Пакистанец.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса