Делегација од Белгија во посета на Липковско
Државниот секретар за имиграција и азил на Белгија, Меркол Ватела со својот колега од МНР Мемеди, денеска ќе го посетат Липковскиот регион.
Државниот секретар за имиграција и азил на Белгија, Меркол Ватела со својот колега од МНР Мемеди, денеска ќе го посетат Липковскиот регион.
Во селото Матејче во напуштена куќа била пронајдена неексплодирана граната од Втората светска војна. Екипите од Дирекцијата за заштита и спасување,добила информации од полициската станица Матејче и веднаш ја отстраниле гранатата.
Будимир Спасовски (44) од Куманово, кој една година работел на обезбедување на американската војска во Кабул, пред два дена бил пронајден мртов во собата каде спиел.
Стотина кумановки денеска со марш низ центарот на Куманово го одбележаа 8 март, Меѓународниот ден на жената. Маршот беше во организација на Локаланиот клуб на жени на СДСМ, насловен како „110 години борба - за 4 години 110 чекори назад“.
Администрацијата во Општина Куманово денеска присуствуваше на четвртата работлиница за изработка на проекти за добивање средства за претпристапна фондови на ЕУ.
33 мобилни телефони марка LG,царинските работници пронашле на граничниот премин Табановце - aвтопат на македонско-српската граница.
Емилија Томиќ, советничка во Советот на Општина Куманово е новата претседателка на Активот на жените на Демократската партија на Србите во Македонија, во Куманово. Заменичка е Сузана Јовановиќ, а за секретарка е избрана Марија Тренчиќ.
Вработени во СВР Куманово соработувале со агенциите што ги превезувале азилантите во Белгија, а пасошите ги давале „под рака„ за 500 до 1000 евра по човек
Се искриви еден од столбовите на Коински мостот откако викендов нивото на водата во реката Пчиња се зголеми за 1,5 метар. Надојдените води во коритото повлекоа дрвја и гранки кои го сопреа протокот и дополнително ја оптерети старата конструкција. Жителите сметаат дека мостот попуштил, бидејќи не се одржува.
Денеска се одржа втората јавна трибина за ревитализација на Домот на занаетчии, во организација на локалната администрација. Трибината предизвика пошир интерс и внимание, главно на луѓе од архитектурата, културата и јавниот живот во градот.
Ќ.Ј.(33) од с.Арачиново се обидел во промет да пушти лажни пари. Пред две недели во продавница во с.Ваксинце, при купување на производи платил со фалсификувана банкнота од 50 евра, што претходно ја набавил од непознато лице.
Акцијата на Центарот за јавно здравје за бесплатно мерење на шеќер и холестерол во крвта ќе продолжи и оваа година. Новина е што е формирана и патронажна служба,која што ќе биде во функција за возрасните жители од руралните средини што не ќе можат да ги посетат пунктовите.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.П.(58) од Скопје, стечаен управник на печатница, книговезница и картонажа „Просвета“ АД Куманово во стечај за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.
На 32 Меѓународен саем за туризам кој се одржа од 24-28 февруари во Белград, Општината Старо Нагоричане го презентираше туристички потенцијал пред туроператорите и граѓаните на Србија.
- Масовното заминување на луѓето од Кумановско- липковски регион е под влијаните на лажни ветувања на некои индивидуалци кои гледаат да профитираат на нивниот грб.
Економскиот развој и вработувањето на младите од Старо Нагоричане е најважниот приоритет од понудената соработка на Општината Старо Нагоричене од страна на Амбасадата на Србија во Македонија.Амбасадорот Томислав Ѓурин и градоначалникот Миодраг Јовановиќ
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса