Приведен крадец од Куманово, дел од украденото пронајдено и вратено на сопственикот
Кумановец бил приведен од полицијата заради сомнение за кражба на приватен имот од кој одзел повеќе предмети.
Кумановец бил приведен од полицијата заради сомнение за кражба на приватен имот од кој одзел повеќе предмети.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести говикаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќесе обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвицитеи проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек?Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?
Советот на Општина Куманово денеска на вонредна седница одлучи да додели 1 милион денари помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Одлуката е донесена едногласно од присутните 27 советници.
Советот на Општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница со единствена точка на дневен ред - доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
По повод годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски - Карпош, делегации од Сојузот на борци, Општината, Советот, АРМ, невладини организации, политички партии, граѓани, положија цвеќе пред бистата во дворот на Спомен куќата на Карпош.
Вработена во Општата болница Куманово вчера пријавила дека е нападната на работното место.
Општините Куманово и Старо Нагоричане објавија повик за пријавување на компании кои ќе вршат линиски превоз на патници помеѓу двете општини.
Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав (ЗАПВАРС) и годинава ја организираше традиционалната Свечена академија по повод загинувањето на народниот херој и легендарен командант Христијан Тодоровски - Карпош. Оваа година се навршуваат 79 години од загинувањето на Карпош.
На 7 февруари 1944 година загина комадантот на Кумановскиот партизански одред Христијан Тодоровски - Карпош. Тој е убиен од бугарскиот окупатор за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско. Животот го загуби на 23 години, само 8 месеци пред ослободувањето на Куманово.
Иако се зголемува бројот на ученици кои се запишуваат во стручните училишта, се уште нема доволно квалификуван кадар кој може да одговори на потребите на приватниот сектор, беше заклучокот на денешниот состанок на претставници од Министертсвото за образование, локалната самоуправа, компанииие и училиштата.
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2023 година.
Од ноќеска по полноќ нафтените деривати ќе се продаваат по пониски цени - бензините за 2 денари помалку, а дизел горивото и нафтата за домаќинствата за 1,5 денари за литар. Мазутот пак, ќе поскапи, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Тече постапката за избор на фирма која што ќе изврши санација на покривот на зградата на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ во Куманово. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, при денешната посета, кажа дека очекува административните процедури и градежните работи да завршат до крајот на учебната година.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?...
Паркингот пред градскиот базен во Куманово од пролет ќе се наплаќа. Околу паркингот со 400 места се наоѓаат градскиот базен, тениските игралишта, кејот на реката Кумановка и еден од ретките мини детски игралишта - објекти, кои влијаат на здравиот личен развој и чија употреба дополнително се демотивира со воведување на зонското паркирање, велат од партијата Левица.
Пет лица се повредени во сообраќајна незгода на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ во Куманово.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса