Бензинот поскапува, дизелот поевтинува
Бензинот Еуросупер БС-98 од денеска поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Поевтинува и мазутот М-1 НС, за 0,886 денари за килограм, а не се менува цената на бензинот Еуросупер БС-95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).