Пукна водоводна цевка на „Никола Тесла“ и ја поплави улицата
Пукната азбесна цевка ја поплави улицата „Никола Тесла“. Жителите кажуваат дека цевката пукнала утринава околу 5.30 часот, а од тротоарот излегувал гејзер од вода.
Пукната азбесна цевка ја поплави улицата „Никола Тесла“. Жителите кажуваат дека цевката пукнала утринава околу 5.30 часот, а од тротоарот излегувал гејзер од вода.
Иван Димитриевски е избран за нов претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ ОК Куманово, одлучи извршниот комитет што се одржа викендов. Тој е магистер по бизнис и администрација на Универзитетот Лондон Метрополитен.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за 2 денара по литар, а на еуродизел (Д-Е V) за 1,5 денари. За три денари поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.
Над 95 отсто од приватните лекари во Куманово се приклучија на тридневен протест со кој се бара зголемување на капитацискиот бод поради порастот на трошоците на животот.
Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2022 година, информира Министерството за труд и социјална политика(МТСП).
8 Септември, четврток, Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Основното јавно обвинителство Куманово започна истрага против 74-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – убиство во обид, како и против неговиот 35-годишен син, осомничен за помагање при извршувањето на наведеното кривично дело.
Денеска се одбележуваат 101 година од раѓањето на народниот херој на Македонија Христијан Тодоровски – Карпош.
Претставата „Ковачи” во режија на Деан Дамјановски, работена по сценарио на бугарскиот автор Алек Попов, а во изведба на актерската екипа на Театар Куманово, утревечер премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово.
На иницијатива на Локалниот економско-социјален совет при Општина Куманово, а по доставените барања од производители на месната индустрија во Куманово до Владата, вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи се сретна со претставниците на месна индустрија во Куманово.
Движење по тротоар, преминување на улица на пешачки премин, следење на сообраќајните знаци и на семафорите, да не претрчуваат преку улица, се само дел од поуките кои ги добија првачињата на почетокот на учебната година.
Учениците од Умин Дол и околните села денеска ја започнаа наставата во реконстуирано училиште. Проектот за реконструкција на централното училиште „Карпош“ се реализира со финансиска поддршка на Министерството за образование и наука и Општина Куманово.
Регулаторната комисија за енергетика ги објави максималните цени на нафтените деривати по кои ќе се продаваат од вечерва по полноќ. Дизел горивото останува со непроменета цена, а намалување ќе има кај бензините од два денари по литар.
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики на авторот Мајкл Клос.
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска на сите ученици и наставници им посака среќен и успешен старт на новата учебна година.
Во кумановските училишта денеска започна наставата за 14.251 ученик во новата учебна 2022/2023 година. Според информацијата од Секторот за образование на Општина Куманово, во сите основни и средни училишта наставата стратуваше со физичко присуство и без проблеми.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса