Сe распаѓа Спомен-костурницата на антифашистичките борци во Куманово
Оштетена релјефна плоча, напукнати ѕидови, откорната мермерна плоча со имињата на загинатите борци, скршени скали и жардиниери, ги пречекаа денеска државните и локалните функционери на Спомен-костурницата на паднатите борци од Народно-ослободителната борба (НОБ) во Куманово, на централната прославата на 11 Октомври – Денот на народното востание.