Претепан новинарот Зоран Божиновски
Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, кумановецот Зоран Божиновски бил претепан синоќа во Битола. Тој има скршеници и тешки повреди, а бил нападнат од неколку непознати лица.
Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, кумановецот Зоран Божиновски бил претепан синоќа во Битола. Тој има скршеници и тешки повреди, а бил нападнат од неколку непознати лица.
Ќе остане зимското сметање на времето како и досега, односно в недела стрелките на часовникот ќе се вратат за еден час. Владата на денешната седница одлучи да не се продолжи и в зима со летно сметање на времето, туку во последната недела во октомври да стартува зимското сметање како што се практикуваше и досега.
На некогашниот чевларски град, Куманово, печат веќе му ставаат други компании.
СДСМ не отстапува од идејата Општина Куманово да обезбеди парична помош од 3000 денари за семејствата на првачињата, и на наредната седница на Советот повторно ќе го актуелизираат предлогот и ќе побараат поддршка од сите советниците да се изгласа точката.
На градскиот плоштад во Куманово денеска се одржа Регионален саем на социјални претпријатија од Североисточниот плански регион, на кој учествуваа здруженија, занаетчии, организации и претпријатија. Кумановци имаа можност да купат уникатни и рачно изработени производи од кожа, глина, сувенири и везени предмети со етнолошки мотиви, но и еколошки сокови и ракија од домашни работилници.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука да ги намали цените на нафтените деривати од половина до два и пол денари за литар.
Здравствен дом Куманово отвори лабораториски пункт во амбулантата во населбата „Гоце Делчев“, кој ќе функционира за земање на крв, урина и други примероци за анализа за дијагностичко - специјалистички цели. Во новата лабораторија има опрема за основните крвни анализи.
Монодрамата „Избувливиот човек” со Ефтим Трајчов во режија на Перо Даниловски ќе гостува вечерва во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Претставата е работена по раскази на Антон Павлович Чехов. Започнува во 19 часот а влезот е слободен за сите заинтересирани.
Во првите девет месеци од годината четири лица загинале во сообраќајни несреќи со трактори, од нив двајца се возачи на трактори, а двајца сопатници.
Општина Куманово годинава ќе организира два концерти на градскиот плоштад, по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.
Во Младинскиот културен центар - кино „Козјак“, од утре (вторник) ќе се прикажува македонскиот игран филм „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески.
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски го честиташе „Денот на македонската револуционерна борба – 23 Oктомври“ на сите граѓани, истакнувајќи дека на овој ден се потсетуваме на пожртвуваноста и упорноста на нашите претци, на големата борбата за слобода и независност на Македонија.
Лора Христовска, ученичка во ООУ„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка е државен победник на ликовниот конкурс на тема „Промоција на хумани вредности (ПХВ), што го организира Црвениот крст на Македонија.
Три лица се повредени во тепачка, која се случила вчера околу 13 часот пред средно училиште во Куманово. Во тепечката биле користени метални предмети, учествувале соученици од Куманово и Слупчане.
Најсигурниот начин за сигурно и рано детектирање и дијагностицирање на ракот на дојка е преглед на мамографот, кој во јавното здравство во Куманово го нема веќе 5 години, потсетија денеска членките на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово на Градскиот плоштад, по повод месецот за подигање на свеста за борба против ракот на дојката.
Мнозинството на Советот на Општина Куманово, вчера не даде поддршка на предлогот на советникот Дејан Ивановски од СДСМ, на дневен ред да се најде точка за исплата на парична помош од 3000 денари на секое семејство кое има прваче.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса