Повредена жена на раскрсница во центарот на Куманово
Четириесетгодишна жена се здобила со повреди откако ја удрил автомобил „бмв“ со кој управувал 22-годишник од кумановско село.
Четириесетгодишна жена се здобила со повреди откако ја удрил автомобил „бмв“ со кој управувал 22-годишник од кумановско село.
Пет физички лица и две фирми се добитници на највисокото општинско признание наградата „11 Ноември“, која по повод Денот на ослободување на Куманово ја доделува Советот на Општината.
Не е предвиден посебен сообраќајен режим на улицата „Биљановска“, поради митровденската задушница кога вообичаено има зголем број на возила кон Градските гробишта.
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2022 година.
Еуросупер 98 од денеска е поскап за 2 денари, но во исто време Екстар лесното масло за домаќинства поевтинува за 3 денари. Сите други деривати остануваат со иста цена.
Во нива во селото Умин Дол, кумановско, била пронајдена неексплодирана граната од Втората светска војна.
Денеска преовладува сончево време со мала до умерена облачност и температури нешто малку над 20-тиот степен.Веќе од утре од попладневните часови ќе дојде до зголемување на облачноста,но сепак со слични температури на денешните.
Во текот на пролетните месеци зголемен е бројот за пријави на семејно насилство во надлежните институции. На почетокот на годината имало само 10 пријави, додека во вториот квартал бројот на пријави се зголемил на 133. Сите сторители се познати на полицијата, стои во извештајот на СВР Куманово.
Пред два дена започнуваа активностите на Општина Куманово за одбележување на Денот на ослободувањето на градот „11 Ноември“. Програмата вклучува културни манифестации, спортски турнири, планинарски тури, со многу учесници меѓу кои и маргинализирани групи како лицата со посебни потреби и пензионерите.
По завршување на средношколски фудбалски натпревар во Куманово настанала физичка пресметка помеѓу две групи на ученици и публиката.
ЈП „Водовод“ Куманово во последните три месеци направило рекордна загуба во износ од 15.025.075 денари или над 240 илјади евра, тврдат од партијата Левица.
Жител на Куманово пронашол платежна картичка на сограѓанка и подигнал близу 4 илјади евра.
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и Општинскиот инспекторат во Куманово, вчера регистирале два случи на палење на отпад на отворено во Кумановско. Првиот случај е на дивата депонија во Агино село, а втората во населбата Тоде Мендол.
Куманово и кумановци се разочарани од едногодишното неспособно владеење на „Наше Куманово“ и ВМРО - ДПМНЕ на чело со Максим Димитриевски. На општината и се потребни решенија за многубројните проблеми. На градот, приградските населби и селата не им треба гол популизам и меѓународна политика, потребни се капитални инвестиции, соопштуваат од СДСМ.
Документарниот филм „Неколку цркви од кумановско со царски двери во резба“ од Валентина Андреиќ, доби специјална плакета за трајни вредности на 30-тиот Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.
Непознати сторители вчера насилно влегле во црквата во селото Пчиња и украле пари. Случајот во полиција во попладневните часови го пријавиле жители на селото.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса