Пак се качи цената на дизелот
Од денеска има ново поскапување на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.
Од денеска има ново поскапување на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.
Поради планирани прекини денеска без електрична енергија од 8 до 14:30 часот ќе останат дел од потрошувачите во селото Табановце, маалото Сланиште и Граничен премин Табановце.
Новата претстава на Кумановскиот театар „Секс и лаги“, премиерно ќе биде изведена во петок на затворањето на Меѓународната театарска манифестација Денови на комедија. Претставата е работена според текст на Марк Камолети, во режија на Драгана Таневска, драматург Симона Тоскиќ, сценографија Крсто Богојевски, костимограф Дарко Илиевски, композитори Бојан Поповски и Огнен Давитковски.
Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово, на покана на Туристичка организација Топола, КУД „Опленац“ и КУД „Слога“ од Вуковар, викендов беше на турнеја во Србија и Хрватска.
На 29 октомври ќе започне изградбата на првите две делници од пругата на Коридорот 8 – од Куманово до Бељаковце и од Бељковце до Крива Паланка. Работите треба да се финализираат до крајот на 2025 година, за што се обезбедени сите потребни средства и е завршена експропријацијата на земјиштето.
Оштетена релјефна плоча, напукнати ѕидови, откорната мермерна плоча со имињата на загинатите борци, скршени скали и жардиниери, ги пречекаа денеска државните и локалните функционери на Спомен-костурницата на паднатите борци од Народно-ослободителната борба (НОБ) во Куманово, на централната прославата на 11 Октомври – Денот на народното востание.
Македонија и градот првоборец, Куманово, денеска одбележуваат 81-години од Денот на антифашистичкото востание кога македонскиот народ се кренал во борба против фашистичкиот окупатор.
Од вечерва по полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати.Дизелот поскапува за 3 денари, нафтата за домаќинствата за 2,5 денари по литар, а поскапуваат и двата видови на бензин за 2, односно за 2,5 денари по литар. Поскапува и мазутот.
На Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ утре ќе се одржи централната манифестација за одбележување на празникот 11 Октомври - Денот на народното востание. Прославата ќе започне во 10 часот.
СДСМ Куманово и оваа година по повод 11 Октомври ќе го одржи традиционалниот пикник на Спомен костурницата. Пикникот ќе започне во 12 часот, а ќе присуствува лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и генералниот секретар Милан Зечевиќ.
По осум месеци заврши санацијата на мостот над реката Кумановка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе во населбата Проевце, и од утре ќе биде пуштен за сообраќај.
Познатиот босански актер Бранко- Ѓуриќ- Ѓуро, доаѓа во Скопје со хит комедијата „Ѓурологија“ на 13 октомври од 20 часот во Домот на АРМ.
Пензионерите во последните неколку дена навалија на шалтерите на Општина Куманово и во просториите на Здружението на пензионери за да се распрашаат кои документи се потребни за да добијат еднократна парична помош,која наводно им следува на пензионерите со ниски примања. Од здружението и од Одделението за социјална заштита на Општина Куманово ја демантираа ова вест и нагласија дека ваквата еднократна парична помош од 6.000 ден воопшто не е предвидена во општинскиот буџет за и е чиста шпекулација. Еднократна парична помош општината доделува на социјално загрозените , но тоа е по строги,пропишани критериуми и може да се земе еднаш во годината.
Финансиското друштво „Флекс Кредит“ го донираше првото од предвидените 25 детски игралишта во населбата Дузлак, Штип.
Лицемерно е што за проблеми во образованието прашањето го поставува токму онаа партија која додека беше централна власт во Куманово не вложи ниту еден денар во образованиотпроцес. Да не заборавиме дека во нивно време наставникот беше деградиран и понижен, а на товар на учениците беше небулозното екстерно тестирање, одговорија од кумановскиот СДСМ на прозивките што ги произнесе ВМРО-ДПМНЕ на неодамнешната прес конференција.
Во Општата болница Куманово започнува со работа Роса школа за родителство. Школата вклучува интерактивни работилници за психофизичка подготовка на бремените жени, кои ќе ги водат искусни акушерки,лекари,психолози и физиотерапевти. Тие на идните мајки ќе им го објаснат чинот на раѓање-физиологијата, но и психологијата, што да очекуваат и како да се изборат со инстинктивниот страв кога ќе дојдат до породување.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса