Успешна крводарителска акција во СВР Куманово, собрани 60 единици крв
Над 60 единици крв се соберени во вчерашната редовна крводарителска акција, која се спроведе во СВР Куманово.
Над 60 единици крв се соберени во вчерашната редовна крводарителска акција, која се спроведе во СВР Куманово.
Судски спор се води против надзорниот орган и фирмата која што го градела затворениот базен во Куманово, затоа што не ја завршила работата докрај, па општината бара надомест на штета. Истовремено овој капитален објект е ставен и под хипотека заради долг на ЈП „Чистота и зеленило“ кон УЈП.
Поради енормното покачување на цената на електрична енергија и на гасот, Градскиот базен во Куманово нема да работи до април.
Жителите на кумановските села Љубодраг, Умин Дол и Ново Село утре ќе го блокираат стариот пат Куманово - Скопје за да ги спречат претставниците од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да им ги уништат свињите кои се здрави, откако на една фарма во селото е регистириран првиот случај на болеста африканска чума.
На крстосницата од регионален пат Куманово - Липково и локален пат за с.Лопате, вчера во 8 часот, патничко возило „опел зафира“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.И.(28) од с.Слупчане, липковско, удрило во Љ.М.(54) од с.Лопате.
Бензинот Еуросупер БС-98 од денеска поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Поевтинува и мазутот М-1 НС, за 0,886 денари за килограм, а не се менува цената на бензинот Еуросупер БС-95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Советничката група на СДСМ и коалицијата ја обвиниja локалната власт во Куманово дека е неспособна да го менаџира работењето на градскиот базен, и го затвора по втор пат за една година, со што прави директна штета на голем број на граѓани, спортисти, ученици и спортски клубови, кои не можат да ги користат услугите на овој објект.
Членови на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав – ЗАПВАРС Куманово, викендов чистеа споменик од НОБ во општина Липково, подигнат во чест на борците на Кумановско-карадачкиот партизански одред, кои загиналe на 14 октомври 1941 година во борба со бугарскиот фашистички окупатор.
Во малата сала на Центарот за култура во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на најновата книга на Ана Јовковска. Промотор на книгата е Александар Прокопиев.
Денеска и утре без електрична енергија ќе останат потрошувачите на повеќе улици во градот, во приградските населби и села.
Градскиот Базен во Куманово од вчера /15 октомври/ престана да работи. Од ЈП „Чистоти зеленило“, кое стопанисува со овој спортски објект, објави дека затворањето е поради високите сметки за струја и за гас.
Стручното жири на Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија во Куманово, ги објави добитниците на наградите во повеќе категории, кои се воведени од оваа година.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со Свечена академија ќе ја прослави годишнината од формирањето на огранок на партијата во Куманово. Академијата ќе се одржи утре во салата на ресторан Грација со почеток во 18.45 часот, а ќе присуствува и лидерот Христијан Мицковски.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 18 часот го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на денот на улицата „Ленинова“ во Куманово извршил кражба на паричник од А.С..
На територијата на општина Куманово во изминатото деноноќие наврна 27 литри дожд на м2.
Познатиот меѓународен малопродажен синџир „Лидл“, веќе има потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 м2 и се наоѓа во Општина Куманово. Компанијата интензивно работи на подготовките за отпочнување на работата и веќе има вработено 80 лица, а оваа бројка дополнително ќе расте.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса