Идентификувани се речиси сите инволвирани во нападот кај „Орта бунар“, соопшти ОЈО
Основното јавно обвинителство Куманово(ОЈО) и СВР Куманово интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи, во кои, според првичните информации кои се проверуваат, две лица биле предмет на напад од поголема група.