Седницата на Советот прекината поради немање кворум, продолжува утре
Седницата на Советот на општина Куманово денеска беше прекината на самиот почеток пред усвојувањето на Дневниoт ред поради немање кворум.
Седницата на Советот на општина Куманово денеска беше прекината на самиот почеток пред усвојувањето на Дневниoт ред поради немање кворум.
Во текот на утрешниот ден се очекува пад на температурите за 7 до 9 степени, под влијание на влажен бран, а во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни со 10 до 20 л/м 2 .
Никогаш нема да одам против волјата на своите граѓани во рамките на своите надлежности и секогаш и ќе ги почитувам нивните барања, рече градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на почетокот на денешната 11-та седница на Советот на Општина Куманово и ја повлече Предлог одлуката за воведување на зонско паркирање на булеварот „Октомвриска револуција“.
Потрошувачите на повеќе улици во Куманово денеска ќе останат без електрична енергија.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.О.(22) од Куманово и двајца малолетници од Куманово и село Ваксинце, Липковско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи на ковид-19 и тоа: Скопје – 168, Куманово – 17, Битола – 14, Тетово – 12, Прилеп и Штип – по 9, Гостивар – 7, Кочани и Пробиштип – по 5, Кавадарци и Кичево – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Струга и Радовиш – по 2, Неготино и Ресен – по 1.
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против КОВИД-19.
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера, го лишиле од слобода кумановецот Д.Д.(44).
Кумановец провалил во приватна куќа од каде одзел пари, но полицијата го пронашла и го привела, а одземените парични средства се вратени на сопственикот .
Утре, 07 јули 2022 година (четврток), во големата сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи 11-та седница на Советот на Општина Куманово.
Четириесет и седум полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди се здобија во синоќешниот протест, кој се одржа во периодот од 19 часот пред Владата, а продолжи пред МНР и заврши пред Собранието околу 22.30 часот.
Во последните 24 часа во Куманово се регистирани ново 19 случаи на ковид-19. Во Центарот за јавно здравје тестирани се 36 лица, а активни се 54 болни.
Станарите на зградите од „Водовод“ до „Нико“, синојка уште еднаш потврдија дека се против воведување на Б зоната во нивната населба, бидејќи сметаат дека тоа нема да го реши проблемот со паркирањето.
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница за утврдување на цените на нафтените деривати во малопродажба донесе одлука за корекција со која се бележи благ пад.
Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 18 до 24 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на возачи на мотоцикли, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски најави формирање на граѓанско движење, кое ќе учествува на следните парламентарни избори.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса