Во тек е јулската исплата на социјален и детски додаток
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2022 година.
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2022 година.
КУД „Панче Пешев“ од Куманово синоќа настапи на првата вечер на 48-миот Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Прилеп.
Министерството за внатрешни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност од Скопје продолжува со активностите „Безбедно лето“ со цел да се подигне нивото на сообраќајна култура и на тој начин да се намали бројот на жртви во сообраќајот.
Се зголемува бројот на заразени од ковид-19 во државата. Во текот на вчерашниот ден во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово тестирани се 33 лица, а регистирани се 15 позитивни.
На улица „Пелинска“ во Куманово, по полноќ, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(26) од Куманово.
Заврши реконструкцијата на ООУ „Карпош” во с.Умин Дол – Куманово, која траеше 4 месеци.
Општина Куманово исплатила 410 илјади евра на приватни агенции за привремени вработувања во последните три години. Агенциска провизија била во висина од 7,03% од бруто средствата за секој вработен, секој месец од времетраењето на договорот за вработување.
При крај се подготовките за третиот Меѓународен фолклорен фестивал Куманово, кој ќе се оддржи од 19 до 22 јули на платото пред Центарот за култура во Куманово.
Претседателот на КУД „Српски вез“ Далибор Китановиќ од Куманово, одликуван e со златен медал за посебни заслуги во културата од претседателот на Србија Александар Вучиќ, по повод празникот Видовден.
Во последните 24 часа регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.261 тестирања.
Цената на струјата од први јули ќе поскапи во просек за 7,4 проценти, соопшти претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски на денешната прес-конференција. Како што кажа Бислимоски, ова зголемување од 7,4 проценти ќе биде за 98,8 проценти од домаќинствата во земјава.
Змија долга повеќе од еден метар синојка ги исплаши станарите од зградата бр. 21 на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово. Околу 19.30 часот додека група деца се играле во дворот, од една од грмушките излегла змијата и се сокрила под автомобилите. Испаничените деца ги повикале родителите, кои се организирале да ја најдат.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 18.45 часот привеле 27 - годишен кумановец, кој се сомничи дека на 01 јуни годинава во луна парк на булеварот „Октомвриска Револуција“ извршил кражба и одзел личен предмет од едно лице.
Општата болница во Куманово за 4 месеци ќе добие мамограф, најави министерот за здравство Беким Сали при денешната посета.
Комисијата за заразни болести утре ќе одржи седница на кој ќе ја разгледа актуелната состојба со ковид-19. Министерот за здравство Беким Сали вели дека состанокот се свикува по пауза од два месецa, со цел да се направи анализа на севкупната состојба поради порастот на заболени од коронавирус.
Политичката партија Алтренатива, огранок Куманово, заедно со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија денеска организираше крводарителска акција, на која присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали. Тој се заблагодари на организаторите и на крводарителите, нагласувајќи дека крводарителствотото ја подига свеста кај граѓаните за општествената одговорност и потребата да се помогне во тешки моменти.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса