Нови 4 случаи на ковид-19 во Куманово
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19, а направени се 772 тестови.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19, а направени се 772 тестови.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија на денешната седница донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37% во однос на одлуката од 13.06.2022 година.
Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Бобан Николовски ги повика кумановци утре масовно да излезат на протестот пред Владата и да го покажат своето незадоволство од актуелната состојба во државата предизвикано од политиките на актуелната власт.
Министерот за правда Никола Тупанчески денеска беше во работна посета на затворот К`шање, Основен суд и ОЈО Куманово на Куманово.
КУД „Српски вез“ во сабота во 20 часот во Центраот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе одржи традиционален годишен концерт. Концертот се организира по повод 9 години постоење и успешна работа на друштвото.
Полицијата го пронајде 47-годишниот жител на Општина Старо Нагоричане, кој пред повеќе од еден месец беше пријавен дека се оддалечил од домот.
Регионалното здружение на просветни работници ги прогласи најдобрите ученици на генерацијата во основните и средни училишта во општините Куманово и Старо Нагоричане.
Цените на основните производи се намалени за 5 до 10%. Корекција на цените се прави од денес, а ќе продолжи и во претстојните денови. Најголемо намалување се очекува кај маслото за јадење и до 10%, понатаму кај тестенините, како и на сите останати основни производи опфатени во владината одлука, тврди Владата, која додава дека одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел да се ограничи растот на цените веднаш дала резултати.
Полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово, синоќа во 21.30 часот ги уапсиле Н.В.(22) од с.Тромеѓа и Д.Ј.(19) од Куманово, бидејќи кај нив била пронајдена поголема количина на дрога.
На веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ( www.erc.org.mk ) е достапен калкутарор со кој секој граѓанин ќе може да направи споредба за сметките за струја меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа, односно за скапа струја.
Педесетгодишна наставничка пријавила дека вчера била физички нападната од повозрасно лице во Куманово.
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре во 20 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2022“.
Само педесетина граѓани излегоа вечерва на протестот „Сакам да дишам“, кој го организираше неформална група на граѓани, против енормното загадување на воздухот во Куманово.
По кратко боледување, на 65-годишна возраст денеска почина Јаким Наумов – Јаче.
Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо. Според одлуката почнувајќи од утре до 30 септември, маржата за бел леб, шеќер и сончогледово масло ќе биде 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За јајца, брашно, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко маржата од утре ќе биде 10 отсто.
Во кумановското село Пелинце, во Меморијалниот центар АСМОМ, во сабота во 12 часот ќе започне „Пикник у Пелинце“. Настанот се одржува по вторпат, а влезот е бeсплатен.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса