По полноќ бензинот од 98 октани ќе биде поскап за 2 денари
Од вечерва по полноќ за 2 денари по литар ќе се зголеми цената на бензинот од 98 октани. Цените на останатите горива не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Од вечерва по полноќ за 2 денари по литар ќе се зголеми цената на бензинот од 98 октани. Цените на останатите горива не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Утре /29 октомври/ ќе започне изградбата на првите две делници од пругата на Коридорот 8 – од Куманово до Бељаковце и од Бељковце до Крива Паланка. Работите треба да се финализираат до крајот на 2025 година, за што се обезбедени сите потребни средства и е завршена експропријацијата на земјиштето.
Проектот има за цел да ги подржи единиците на локалната самоуправа да ги подобрат своите стандарди и да обезбедат висококвалитетни услуги во рамките на локалната самоуправа.
Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Кумaново започна акција за вдомување на заловени кучиња, кои моментално се под нивна грижа. Кучињата се заловени на територијата на Куманово, но и Штип и други градови од Источна Македонија.
Празникот „Св Петка“ или во народот позната како Петковден, прва есенска слава го наполни со верници храмот „Свети Никола“ во Куманово.
Стапија на сила законските измени за поедноставување на процедурите за поставување на фотонапонски електроцентрали на објектите,до 6kw за домаќинставата и до 40 kw за компаниите.
На последната седница на Советот на Општина Куманово, беше усвоена иницијативата за изработка на физибилити студија, заради основање јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, поднесена од советникот на Левица, Никола Лазаревски.
Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, кумановецот Зоран Божиновски бил претепан синоќа во Битола. Тој има скршеници и тешки повреди, а бил нападнат од неколку непознати лица.
Ќе остане зимското сметање на времето како и досега, односно в недела стрелките на часовникот ќе се вратат за еден час. Владата на денешната седница одлучи да не се продолжи и в зима со летно сметање на времето, туку во последната недела во октомври да стартува зимското сметање како што се практикуваше и досега.
На некогашниот чевларски град, Куманово, печат веќе му ставаат други компании.
СДСМ не отстапува од идејата Општина Куманово да обезбеди парична помош од 3000 денари за семејствата на првачињата, и на наредната седница на Советот повторно ќе го актуелизираат предлогот и ќе побараат поддршка од сите советниците да се изгласа точката.
На градскиот плоштад во Куманово денеска се одржа Регионален саем на социјални претпријатија од Североисточниот плански регион, на кој учествуваа здруженија, занаетчии, организации и претпријатија. Кумановци имаа можност да купат уникатни и рачно изработени производи од кожа, глина, сувенири и везени предмети со етнолошки мотиви, но и еколошки сокови и ракија од домашни работилници.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука да ги намали цените на нафтените деривати од половина до два и пол денари за литар.
Здравствен дом Куманово отвори лабораториски пункт во амбулантата во населбата „Гоце Делчев“, кој ќе функционира за земање на крв, урина и други примероци за анализа за дијагностичко - специјалистички цели. Во новата лабораторија има опрема за основните крвни анализи.
Монодрамата „Избувливиот човек” со Ефтим Трајчов во режија на Перо Даниловски ќе гостува вечерва во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Претставата е работена по раскази на Антон Павлович Чехов. Започнува во 19 часот а влезот е слободен за сите заинтересирани.
Во првите девет месеци од годината четири лица загинале во сообраќајни несреќи со трактори, од нив двајца се возачи на трактори, а двајца сопатници.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса