„Пикник у Пелинце“ – целодневен музички хепенинг во сабота
Во кумановското село Пелинце, во Меморијалниот центар АСМОМ, во сабота во 12 часот ќе започне „Пикник у Пелинце“. Настанот се одржува по вторпат, а влезот е бeсплатен.
Во кумановското село Пелинце, во Меморијалниот центар АСМОМ, во сабота во 12 часот ќе започне „Пикник у Пелинце“. Настанот се одржува по вторпат, а влезот е бeсплатен.
Државниот завод за статистика(ДЗС) ќе спроведе Пробен попис на земјоделството во периодот од 15 до 30 јуни 2022 година.
„Графити фест“ е единствена манифестација во Македонија, која неколку години наназад дава нов лик на урбаниот простор во Куманово и ги оплеменува запуштените места, отсликувајќи ја душата на уличната уметност и креативноста на младите.
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 %, при што бензините поскапуваат за 1,5 денари/литар, а дизелот за три денар.
Полицијата од Граничен премин Табановце, во изминатите три дена извршила контрола на осум патнички возила и на два автобуса, кои вршеле меѓународен превоз на патници, при што открила дека 7 немаат соодветна документација.
Заради реновирање, дрогеријата на dm во Куманово, во период од 19.6 до 13.7.2022 година ќе биде затворена.
Под мотото „Сакам да дишам“ утре (вторник) во 19 часот на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи граѓански протест против загадувањето на воздухот во Куманово.
Во фоаето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот ќе се одржи Книжевна вечер со Румена Бужаровска.
Од вчера во 17 часот во прекин е железничкиот сообраќај на релација Куманово-Табановце и Скопје-Белград, поради проблеми на електричната инсталација.
Вчера во 02.35 часот избил пожар во пекарница на ул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, во близина на Зелен пазар.
Во населбите Средорек, Бавчи, Перо Чичо и Стари лозја, речиси секое попладне или рано на сабајле се подигаат густи облаци од чад од запалени гуми и електрични кабли.
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(35) од Куманово.
Сопственик на рентакар фирма од кумановско, вчера во 23.30 часот пријавил дека на 06.јуни, Д.Ј.(19) од Куманово и Б.С.(31) од с.Горобинце, светиниколско, склучил договор за издавање на две патнички моторни возила, кои требало да бидат вратени до вчера.
По пријавите на граѓаните и медиумите за непријатна миризба на изгорена гума и нафта во Куманово, која ги пече очите и тера на повраќање, Државниот инспекторат за животна (ДИЖС) во соработка со овластен инспектор за животна средина од Општина Куманово, синоќа од 20,30 до 23,00 часот извршиле увид на повеќе локации, со цел да ги откријат загадувачите.
Ова е прва трибина на новото раководство на СДСМ Куманово предводено од претседателот Александар Тушевски и со задоволство можам да кажам, дека сето мое 28-годишно искуство во социјалдемократијата го ставам како поддршка за нови победи.
Дезинформација е дека дете се повредило од падната шипка во нашиот луна парк. Тоа се повреди додека со своето другарче ги туркаа корпите пред себе, кога се возеа на рингишпилот, а за тоа имам и сведоци, вели Милорад Радосављевиќ, сопственик на луна паркот „Радост“ од Радовиш, кој работи во Куманово.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса