Ќе се распише нов тендер за обжалените линии, граѓаните уште два месеци без јавен превоз
Општина Куманово ќе распише нов јавен повик за 8 линии во градскиот превоз, откако Второстепената комисија на Министерството за транспорт и врски ја прифати жалбата на превозниците незадоволни од одлуката на Комисијата за спроведување на постапката за избор на превозници за општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово.