Жаклина Јовановска доби уште еден мандат од граѓаните
Актуелната градоначалничка на Старо Нагоричене од СДСМ, Жаклина Јовановски, ја доби поддршката да ја води општината уште еден мандат.
Актуелната градоначалничка на Старо Нагоричене од СДСМ, Жаклина Јовановски, ја доби поддршката да ја води општината уште еден мандат.
Назависниот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник Максим Димитриевски, вечерва прогласи победна во вториот круг на локалните избори и заедно со своите приврзаници слави во Куманово. Тој кажа дека сето тоа што било кажано во кампањата ќе биде и реализирано, затоа што се работи за остварливи проекти.
Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, вечерва му ја честиташе победата на противкандидатот Максим Димитриевски, од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Тој објави дека разликата во гласови е околу 6000 во корист на Димитриевски.
Независниот кандидат за градоначалник на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски води за околу 4000 гласови пред кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски, дознаваме од избори од штабовите.
Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски, денеска го оствари своето граѓанско право и на локалните иѕбори гласаше на гласачко место во основното училиште „Христијан Карпош“.
Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, предпладнево го оствари своето гласачко право во вториот круг од локалните избори во Куманово.
До 18.30 часот излезноста на гласачките места во Куманово каде се одржува втор круг за избор за градоначалници е 48,97 отсто. Од вкупно 93.986 гласачи гласале 41.301 граѓанин.
До 17 часот во Куманово гласале над 41,71 процент од избирачите, објави ДИК.
Во последните 24 часа направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на ковид-19.
Без проблеми се одвива гласањето на сите изборни места во Куманово, соопштуваат од Општинската изборна комисија (ОИК).
Денеска се одржува вториот круг од локалите избори на кој граѓаните на Куманово и Старо Нагоричане бираат градоначалник.
Шеесет и седумгодишен кумановец утринава е убиен додека бил на лов во кумановското село Гарбеш. Го застрелал негов пријател со кој заминале на лов на дивеч. Од задобиените поврди ловџијата починал на самото место.
Денеска, ден пред утрешните избори, гласаат затворениците, лицата во притвор, болните лица, лицата кои се лекуваат од ковид-19 и оние на кои им е одредена мерка самоизолација, како и немоќните лица.
Кандидатот за градоначалник од коалицијата на СДСМ, Оливер Илиевски ги повика граѓаните да му дадат поддршка во недела на 31- ви октомври и да гласаат за концептот „Едно општество за сите“.
Во последните 24 часа регистрирани се 417 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.964 тестирања.
Кумановци се секогаш на вистинската страна, а тоа ќе го докажеме и во недела на 31-октомври кога ќе излеземе сите на гласање и ќе го поддржиме Оливер Илиевски за градоначалник на општина Куманово. Со Илиевски ќе имате европски квалитет на живот во општина Куманово, порача Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ на средба со граѓаните во Куманово.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса