Заев и Филипче ја промовираа кампања за вакцинација и борба против дезинформациите
Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја промивираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“.
Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја промивираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“.
Единаесетгодишната Мишела и нејзината баба Мирјана Зафировска од Куманово, повеќе од година и пол живееле во рушевини од нивната куќа која во центарот на Куманово изгорела во пожар. Вчера, Мирјана и Мишела, која од малечка била напуштена од родителите, ги добија клучевите од комплетно реновираната куќа која целосно е опремена со нова покуќнина.
Со големи попусти и изненадувања oптика „Стил“ оваа недела ќе го прослави вториот роденден. Роденденската недела започнува денеска а ќе трае до сабота.
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во периодот од 15 до 20 часот, спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. На територија на СВР Куманово, која го покрива Североисточниот регион, се санкционирани 74 возачи.
На територијата на општина Куманово денеска и утре ќе се врши дезинсекција против крлежи. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот.
Во последните 24 часа регистрирани се 1.250 нови случаи на ковид-19, а направени се 8.192 тестирањe.
Двајца рабојници упаднале во куќа во липковското село Вакцинце додека сопствениците биле дома, по што ги нападнале и им одзеле златен накит и пари.
Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски, денеска на Фејзбук објави дека има една цел, а тоа е Куманово да биде се` она што денес не е, а можеше да биде во изминативе 30 години. Град на здрави, среќни, безбедни и богати граѓани.
Министерството за образование и наука (МОН) набави и дистрибуираше до училиштата таблети за ученици од четврто одделение од семејства во социјален ризик.
Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните.
Актерот Тони Михајловски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово на престојните локални избори, објавија денеска од партијата.
Од две до пет децении се потребни за да се обноват уништените шуми и екосистеми кои настрадаа во пожарите. Штетата од беснеењето на пламените јазици на повеќе локации низ земјата од многу аспекти е немерлива. Значењето на шумите, во услови кога се справуваме со климатските промени и сите последици од нив за човекот, живиот свет и животната средина, е незаменливо.
Пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва започнува вториот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2021 “, кој ќе трае до недела навечер.
Уште два дена имаат младите од општините Куманово, Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Чаир, Прилеп и да го дадат нивниот предлог за зелени општини, потсетува Здружението „Гоу Грин“.
Авиозапрашувањето против комарци што требаше да се изврши вчера одложено е поради временските услови.
При претрес на објекти во сопственост на О.Ц. пронајдени се патничко возило во сопственост на лица од Куманово
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса