Куманово ќе добие Боемска улица, најави Илиевски
Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски, денеска презентираше неколку проекти за централното градско подрачје во Куманово.
Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски, денеска презентираше неколку проекти за централното градско подрачје во Куманово.
Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе го поддржат независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во вториот изборен круг. Договорот за соработка беше потпишан во изборниот штаб на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, при што Димитриевски потенцираше дека ова претставува почеток на една плодна политичка соработка.
Македонскиот полициски синдикат ги повика своите членови да не се ставате во функција на политичките партии заради вршење изборни нерегуларности, да не го нарушуваат угледот на институцијата во која работат и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии.
Низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината во училиштата и во јавните претпријатија, ако тој победи. Дури и оние кои до вчера имаа некои дилеми, денес им е веќе разјаснето. Работата е кристално јасна – Максим Димитриевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес конференцијата Марин Костовски , пратеник од СДСМ од Куманово.
Кумановец e лишен од слобода поради кријумчарење на мигранти, кои вчера биле пронајдени во возилото што го управувал, кај наплатната станица Демир Капија.
„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија, по прогресивност и секако по обединување и ќе даде пример за целата држава”, порача вечерва од Куманово претседателот на СДСМ Зоран Заев на средби со граѓани во населбите „Гоце Делчев“ и „Диво Насеље“.
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, денеска на Градскиот стадион се сретна со тренерите, играчите и родителите на децата од Фудбалскиот Клуб „Куманово Милано 2010“.
Изградба на две нови детски градинки во населбите „Тоде Мендол“ и „Перо Чичо“, најави кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски на средба со граѓаните од населбата „Тоде Мендол“.
Во последните 24 часа регистрирани се 511 нови случаи на ковид-19, направени се 3.622 тестирањe.
Судии и стручни соработници му фалат на Основниот суд во Куманово, кој според бројот на предмети и подрачје кое покрива и по број на жители е меѓу најголемите во државата. Според систематизацијата, Кумановскиот суд треба да има 35 судии, а во моментот работи само со 21. Судот е со проширена надлежност и постапува по предмети во граѓанска и во кривична постапка.
Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска (вторник) започна етапната исплата на октомвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.
Во сабота спроти недела (30 кон 31 октомври) ќе почне зимското сметање на времето.
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека вечерва по полноќ нема да се менуваат цените на безнинот и на дизел горивата на бензинските пумпи.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.514 тестирањe. По градови во:Скопје – 91, Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово – по 1.
Момир Петрушевски, кандидат за советник од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдобро за мојата општина“, денес обвини дека вербално бил нападнат и провоциран од тимот на Димитриевски пред неговиот дом во присуство на сопругата и внучето.
Идниот советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски, на денешната прес-конференција информираше дека кандидатката за советник на нивната граѓанска иницијатива Христина Алексовска е нападната од кандидатот за советник од редовите на СДСМ, Момир Петрушевски.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса