Ние сме сигурни победници и во вториот круг на изборите, вели Илиевски
Коалицијата на СДСМ е победник на овие избори иако синоќа имаше некаква спектакуларна прослава на Градскиот плоштад, кажа кандидатот за градоначалник на СДСМ Оливер Илиевски на денешната прес конференција. Тој вели дека тие имаа најголем број на членови во советот, а разликата во резултатот помеѓу него и Димитриевски е само дваесетина гласа, па победникот ќе се знае дури по вториот круг на изборите.