Димитриевски купил 10.000 квадрати државно земјиште додека бил градоначалник, вели Тасевска
Максим Димитриевски, кандидатот за градоначалник на Куманово, додека ја извршува функцијата градоначалник се стекнал со илјадници квадратни метри државно земјиште. Општина Куманово извршила продажба на над 26 хектари атрактивно државно неизградено земјиште на локацијата „Живкова карпа“. Документи од катастарот за недвижнини покажуваат дека Максим Димитриевски купил 9.961 метар квадратен во местото Црвенки државно неизградено земјиште, изјави на прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.