Приведени лицата што го сквернавеле гробот на градските гробишта во Куманово
Три лица се приведени поради соменение дека го раскопале гробот на градските гробишта во Куманово.
Три лица се приведени поради соменение дека го раскопале гробот на градските гробишта во Куманово.
Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, вечрва со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на романот „Трамонтана“ од авторката Наташа Сарџоска. Промотор на романот ќе биде Фросина Пармаковска.
Фотоволтаични системи низ сите општински објекти, субвениции на велосипеди, тротинети, клими предвидува програмата на коалицијата „Одлучно за промени“, на ЛДП и ДОМ.
Жена од Куманово во полицијата пријавила случај на сквернавење на градските гробишта.
Предвидуваме изградба на две нови детски градинки во населбите „Тоде Мендол„ и „Перо Чичо„, со што на нашите најмали сограѓани ќе им обезбедиме правилен раст и развој со изградба на современи објекти, согласно највисоките европски стандарди, изградени со енергетски ефикасни и еколошки прифатливи материјали, вети Марина Митковска, кандидат за член на Советот на Општина Куманово од СДСМ.
Педесетина ученици од Куманово, Кавадарци, Прилеп и од Маврово-Ростуше во изминатите денови учествуваа на 9. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ од своите училишта или домови. Преку т.н Џифони-хабови тие ги следеа активностите на кадетите и сениорите, гледаа филмови, се вклучуваа во дискусиите, а учествуваа и на работилниците.
27-годишно лице од Крива Паланка е меѓу шестемина починати од компликации на ковид-19 во изминативе 24 часа. Починати се и две лица од Куманово (63г и 68г) и по едно од Скопје (77г), Тетово (85г) и Струмица (80г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Носителката на листата за советници на коaлицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Доцевска-Божиновска, денеска оствари средба со претставници на Регионалната занаетчиската комора во Куманово, при што истакна дека занаетчиството и занаетчиите заслужуваат поголема поддршка и помош од локалната и централна власт.
Германската компанија ВПД ќе гради ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, во стратешко партнерство со македонската влада.
Во состав на Културно уметничкото друштво „Српски вез“ од минатата година функционира работилница за изучување на српскиот јазик. Часовите се изведуваат во библиотеката на друштвото, а со децата работат учителките: Жаклина Милинковиќ, Магдалена Митровиќ и Бојана Николиќ Вељановска.
На Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово, денеска се одбележа 80-годишнината од 11 Октомври – Денот на народното востание, почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Свежо цвеќе положија делегации од Сојузот на борците, локалната самоуправа, Владата, претседателот, Собранието, АРМ, МВР, институции, учиишта, политички партии и граѓани.
Сообраќајна незгода во близина на с.Страцин го прекина сообраќајот на магистрален пат Куманово - Крива Паланка.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.529 тестирања. По градови во: Скопје – 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавадарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по повод празникот 11 Октомври, упати честитка до граѓаните на Македонија.
Осумдесет години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава се одбележува денеска во земјава.
Се наоѓаме во населбата Пуковско, овде ВМРО-ДПМНЕ со години и децении победува. Затоа жителите на оваа населба се казнети, со калливи улици, старо училиште и немање на тротоари, кажа Влатко Ѓорчев, кој заедно со носителката на листата Елена Доцевска-Божиновска, денеска беа во посета на населбата Иго Тричковиќ.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса