☰

Продолжува постапката против лицата кои осквернавија гроб во Куманово

Продолжува постапката против лицата кои осквернавија гроб во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово издаде повеќе наредби за вештачења на голем број подигнати докази при извршениот увид на Градските гробишта во Куманово, каде на 10.10.2021 година три лица се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети од починато лице, со намера противправно да ги присвојат.

Без вода потрошувачите на неколку улици

Без вода потрошувачите на неколку улици

Поради интервенции на водоводна мрежа денеска во одреден дел на денот без вода ќе останат потрошувачите на пет улици во градот.

Димитриевски си ги припишува заслугите на Владата на своја сметка, кажа Мургашанска

Димитриевски си ги припишува заслугите на Владата на своја сметка, кажа Мургашанска

Владата ги врати спортската сала и Соколана во владение на Општината и обезбеди средства за нејзина реконструкција, кажа носителката на листа на СДСМ и досегашна претседателка на Советот, Атина Мургашанска на денешната прес конференција.

Димитриевски најавува во следниот мандат над 800 проекти

Димитриевски најавува во следниот мандат над 800 проекти

Кандидатот за градоначалник на Куманово од независната листа „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, најавува дека доколку ја добие поддршката на граѓаните ќе реализира повеќе од 800 проекти. 

Уште тројца починати и 38 новозаболени од коронавирус во Куманово

Уште тројца починати и 38 новозаболени од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа регистрирани се 490 нови случаи на ковид-19, направени се 3.073 тестирањe.

Илиевски вети нов парк и дрворед покрај стамбениот комплекс кај „Биртекс“

Илиевски вети нов парк и дрворед покрај стамбениот комплекс кај „Биртекс“

Жителите од стамбениот комплекс во м.з. „Панче Пешев“ на потегот од „Жмара“ до „Мај маркет“, денеска го прашаа кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, доколку ја добие поддршката на граѓаните, дали планира да го оплемени  празниот простор покрај реката Липковска, или и понатаму ќе остане запуштен и покрај барањата на граѓаните за проширување и уредување на зелените површини во овој дел на градот.

Почна реконструкцијата на кровот на спортската сала во Куманово

Почна реконструкцијата на кровот на спортската сала во Куманово

Се реконструира кровот на спортската сала во Куманово. Средствата се обезбедени преку проект на Свероисточниот плански регион (СИПР) во висина од 320 илјади евра.

За секој квадрат нов бетон, ќе засадиме двојно повеќе зеленило, најави Илиевски

За секој квадрат нов бетон, ќе засадиме двојно повеќе зеленило, најави Илиевски

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, на средбата со жителите од населбата „Гоце Делчев“, најави повеќе капиталните проекти кои се однесуваат на модернизирање на градското подрачје и урбанизација на секоја од населбите поединечно. 

Тројца починати и 50 новозаболени од коронавирус во Куманово

Тројца починати и 50 новозаболени од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа регистрирани се 487 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.491 тестирањe. 

Внатрешна контрола на МВР ќе го расветлува случајот по обвинувањата на Димитриевски

Внатрешна контрола на МВР ќе го расветлува случајот по обвинувањата на Димитриевски

МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата, велат од Министерството за внатрешни работи за случајот со кумановскиот градоначалник и независен кандидат, Максим Димитриевски.

Димитриевски се жали дека МВР го следи и му врши тортура

Димитриевски се жали дека МВР го следи и му врши тортура

Независниот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, обвини дека денеска бил следен од возило на МВР, по што без причина бил запрен и испратен на технички преглед на возилото. Тој се жали и на непрофесионален однос од полициските службеници.

Уапсен кумановец за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

Уапсен кумановец за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

Кумановската полиција уапси 27 годишен кумановец кој се сомничи дека извршил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопшти денеска СВР Куманово. 

Кои се новите советници во Советот на Општина Куманово

Кои се новите советници во Советот на Општина Куманово

Советот на Општина Куманово брои 33 советника. Новиот состав ќе го сочинуваат 10 советника од СДСМ, 8 од независна листа „За наше Куманово“, 7 од ВМРО-ДПМНЕ, 4 од ДУИ , двајца од АА/А и по еден советник од Левица и Беса.

Двајца починати и четворица новозаболени од коронавирус во Куманово

Двајца починати и четворица новозаболени од коронавирус во Куманово

Направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 новислучаи на ковид-19. По градови: Скопје – 83, Прилеп – 6, Куманово и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Неготино – 2, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1.

Горивата поскапуваат за еден денар

Горивата поскапуваат за еден денар

По полноќ цените на бензинот и на дизел горивото ќе се зголемат за 1 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот од 98 октани ќе изнесува 78,50 денари, додека „обичниот“ од 95 октани ќе се продава за 76,50 денари за литар.

За мене ова беше исклучително искуство, се гледаме во некои нови битки, кажа Димитровска

За мене ова беше исклучително искуство, се гледаме во некои нови битки, кажа Димитровска

Нека победи најдобриот кандидат, нека одлучат граѓаните кој треба да ја води општината. Најважно е до крај да имамем фер и демократски процес, изјави кандидатката за градоначалничка од коалицијата на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска, која не освои доволен број на гласови за влез во вториот круг на изборите, но денеска се заблагодари на граѓаните за поддршката во првиот круг.

//
//
KumanovoNews на мејл

Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса