Илиевски најави итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово
Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски денеска на прес конференција во индустриската зона Речица, најави дека во наредните години ќе се спроведе итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово, како и помош од локалната самоуправа во изградбата на критичната инфраструктура за сите индустриски зони.