Промоција на видео записот од Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2021“
Во Младинскиот културен центар во Куманово, вечерва во 19.30 часот, ќе се одржи промоција на видео записот од Вториот меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2021“
Во Младинскиот културен центар во Куманово, вечерва во 19.30 часот, ќе се одржи промоција на видео записот од Вториот меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2021“
Oд 15 ноември до 15 март задолжително треба да се поседува зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи, соопштува МВР.
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, денеска оствари средба со сите кандидати за градоначалници за Куманово, Оливер Илиевски од СДСМ, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ, и со Беким Салиу од АА/А, при што дискутирале за подобрувањето на условите за работа во општината, но и за подобрување на квалитетот на живот на кумановци.
Во последните 24 часа регистрирани се 156 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.309 тестирања.
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата и вчера спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возила.
На спортското игралиште на ОСТУ “Наце Буѓони”- од Куманово, денеска се одржа баскет турнир, по повод одбележувањето на 11 Ноември- Денот на ослободување на Куманово, во рамки на манифестацијата “Ноемвриски денови 2021”.
Според светскиот алманах (World Population Review) Македонија е на шестото место на ранг листата на 10 најсиромашни земји во Европа. После нас се Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора, а на врвот на листата се Украина, Грузија, Косово, Молдавија и Албанија.
Вчера Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.
Во последните 24 часа регистрирани се 606 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.257 тестирања.
Општинската изборна комисија (ОИК) денеска ги додели уверенијата за мандатите на градоначалникот Максим Димитриевски и 33 советници во Советот на Општина Куманово.
Носителката на листата на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Ивана Ѓорѓиевска да биде претседател на новиот Совет на Општина Куманово предлага градоначалникот Максим Димитриевски. За својот предлог ќе бара поддршка од сите политички партии и претставници во Советот.
Државната изборна комисија (ДИК) не ги прифати приговорите на политичката партија ТМРО, на која кандидат за градоначалник во Старо Нагоричане беше Власте Димковиќ. ТМРО поднесе 7 приговори наведувајќи одредени нерегуларности.
Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски, кој не доби доволна поддршка од граѓаните за функцијата, очекува дел од проектите од програмата „Најдоброто за Куманово“ да бидат прифатени од новата локална власт, бидејќи решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 550 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.029 тестирања.
Само 6 основци биле позитивни на ковид - 19, а 1317 ученици се негативни на тестот од спроведениот скрининг во основните и средни училишта во првите денови и од досега обработените податоци, информираат од Министерството за здравство.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса