Куманово има проблем со водоснабдувањето само кога државата ја води ВМРО-ДПМНЕ, одговори Општината на обвинувањата на опозицијата
Празни, неиздржани и невистинити се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се вложува во водоснабдувањето со инсталирање на најсовремена опрема и СКАДА систем на паметно управување, промена на електронски броила и реконструкција на постоечката водоводна мрежа во Куманово. Во моментов Куманово нема проблем со водоснабдувањето, одговорија во соопштение од Општина Куманово, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека локалната власт во предизборието ветила цевковод од 18,5 километри.