Приведен Кумановец за издржување затворска казна
Полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, вчера во 23.30 часот го лишиле од слобода Б.И. од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик за „тешка кражба“.