Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно нa законите, информира МОН
Училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, објавија од Министерството за образование и наука, откако Сојузот на средношколци испрати известување до Државниот просветен инспекторат, во кое ги информира дека во изминативе неколку денови добиле поплаки од средношколци од повеќе градови низ земјава дека некои средни училишта наплаќаат такси за издавањето свидетелства.