Приведен кривопаланченец што крадел во црква
Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.В.(38) од Крива Паланка, со живеалиште во Скопје, поради основано сомнение дека назавчера извршил тешка кражба. Со употреба на сила и подесен алат влегол во црквата Св.„Кузман и Дамјан” во атарот на с.Говрлево, општина Сопиште и одзел пари.