
Кумановскиот театар на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица
Со претставата „Телефонот на мртовецот“, Кумановскиот театар вечерва ќе настапи на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. Претставата ќе се игра на отворено, на летната сцена во паркот во Струмица, со почеток во 20.30 часот.