Целосно е реконструиран ученичкиот дом во Куманово
Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово е целосно реконструиран и адаптиран, со што се подобрени условите за живот и учење на сто и дваесет ученици со лесна физичка попреченост.
Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово е целосно реконструиран и адаптиран, со што се подобрени условите за живот и учење на сто и дваесет ученици со лесна физичка попреченост.
Куманово е ослободено на 11 Ноември на 1944 година од страна на 17-та и 18-та Македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили, кои се наведени во Спомен зборникот 1941-45.
Oд денеска почнува етапната исплата на ноемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово.
Општата болница Куманово објави телефонски броеви преку кои членовите на семејствата на заболените од коронавирус ќе можат да добијат информации за здравствената состојба на нивните најблиски. Терминот за контакт со здравствените работници е секој ден од 12 до 13 часот, а се повикуваат граѓаните да не ги злоупотребуваат броевите.
Во последните 24 часа регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19, направени се 3349 тестирања, а 39 лица починаа од компликации од ковид-19.
Владата одобри 900 милиони денари, дополнителни финансиски средства за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, што покажува дека една од приоритетните заложби на оваа власт е поддршка и засилена помош на земјоделството, кое како и сите други гранки е погодено од корона-кризата, кажа на денешната прес-конференција, Весна Трајковска член на ИО на ОО СДСМ Куманово.
Во Општата болница во Куманово од денеска со волонтерска работа ќе започнат девет лица, кои ќе им помагаат на пациентите и медицинскиот персонал во справување со коронавирусот.
Во последните 24 часа регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19, a направени се 3143 тестирања.
Со цел да се мотивираат граѓаните на Куманово што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад, Пакомак во Рамстор го постави првиот вендинг апарат.
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска беше отворена изложба на фотографии на германскиот фотограф Курт Хејлишер.
Стаклено шише извезено со слама и коноп со слики од кумановски крај во кутија, изработено рачно од Здружението на уметници-ракотворни „АРТИ КРАФТ“ е избрано за сувенир на Општина Куманово за 2020 година.
Во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.С.(51) од Куманово, за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва наполноќ се намалува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар, со што ќе се продава за 59,50 денари/литар, додека пак цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе остане иста, а таа изнесува 61,50 денари/литар.
Десет корисници на услугите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово и двајца вработени се позитивни на коронавирус.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса