Задолжително носење на зимска опрема во возилата
Од вчера започна обврската за задолжителното носење на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март. Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелираат до возачите да внимаваат на своја безбедност, да користат соодветна зимска опрема за да пристигнат безбедно на посакуваната дестинација во зимски услови на патиштата.