Полицијата ги одзема возилата што се технички неисправни и нерегистрирани
Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој стапи на сила на 26. декември 2020 година, полициските службеници ги одземаат возилата кои се технички неисправни или учествуваат во сообраќајот со измината важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.