Фондацијата доби 4,6 милиони денари за реализација на културни манифестации во градот
Фондацијата за култура и спорт во 2020 година ќе потроши 4,6 милиони денари за повеќе културни манифестации и активности во градот.
Фондацијата за култура и спорт во 2020 година ќе потроши 4,6 милиони денари за повеќе културни манифестации и активности во градот.
Наставниците и професорите од 1 јануари ќе земаат за 10 отсто повисоки плати. Спогодбата за покачување на платите беше потпишана денеска меѓу Самостојниот синдикат на образование наука и култура (СОНК) и Министерството за образование.
Министерството за труд и социјална политика, најави дека 1-ви јануари 2020 година (среда) ќе биде неработен ден за сите граѓани, согласно Законот за празниците.
Деветодделенците од Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово, Лина Рангелова и Теодор Сeрафимовски, со нивниот иновативен проект за паметно наводнување на цвеќињата со помош на технологијата, насловен како „Happy flower“ (Паметно цвеќе), го освоија петото место на третиот по ред натпревар за кодирање, кој оваа година се одржа во просториите на Центарот за технолошки развој и иновации во кампусот на техничките факултети во Скопје.
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, последна за 2019 година. на дневен ред се 35 точки. Најзначајна е 28. точка, донесување на буџетот на Општина Куманово за 2020 година.
Дедо Мраз со неговите придружници, денеска на мотор пристигна на кумановскиот плоштад, каде се дружеше со најмалите. Беше пречекан со богата културно-уметничка програма од учениците од основните училишта „Кочо Рацин“, „Христијан Карпош“ и „Браќа Миладиновци“, а потоа однесе подароци во Дневниот центар за лица со посебни потреби.
Учениците од училишната сообраќајна единица од Основното училишта „Толи Зордумис“ од Куманово, во рамките на одбележување на Неделата на безбедност во сообраќајот, денес ја посетија полициската станица во СВР Куманово, каде се запознаа со работата на полицијата.
Дваесетина деца без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, како и деца под старателство на свои блиски роднини, денеска добија пакетчиња од градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Ј.(38) од Крива Паланка, поради тоа што заедно со уште две лица извршил кражба на над 50 различни предмети од бензинска пумпа во Куманово.
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, денеска се одржа завршната манифестација од литературниот конкурс „Новогодишна желба“ на која беа доделени награди за најуспешните ученици.
Манифестацијата Дедо Мраз на мотор, во организација на Мото клубот „Bears Macedonia“, утре во 12 часот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Куманово, каде моторџиите ќе се дружат и ќе им поделат слатки на најмалите.
Здружението на чевларите од Куманово, синоќа во ресторанот Грација, со своите членови и гости, го одбележа „Св. Спиридон“, заштитник на чевларите и на занаетчиите.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Р.(41) од Куманово и против правното лице од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“.
Музичкиот проект „Кумановци за Куманово“, кој содржи 10 изворни кумановски песни, препеани од кумановски музичари, синоќа беше промовиран во Занаетчискиот дом во Куманово.
Поголема количина на пиротехнички средства открила полицијата кај жител на Куманово.
Во Уметничката Галерија во Куманово, вечерва со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Исткајала Јовка шарен килим” на етнолозите Милица Пешевска Николовска и Надица Петковиќ.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса