Во Куманово наврнаа 8 литри дожд, минималната температура 12
Во изминатите 24 часа во Куманово наврна 8 литри дожд на метар квадратен, а измерена е минимална температура од 12 степени.
Во изминатите 24 часа во Куманово наврна 8 литри дожд на метар квадратен, а измерена е минимална температура од 12 степени.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.К.(46) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Најголем број на заболени од грип изминатиот месец се регистрирани во Центарот за јавно здравје во (ЦЈЗ) Куманово.
Општински сојуз на спортови и Атлетскиот клуб Куманово, во недела организираат три улични атлетски трки, по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.
Централното градско подрачје на Куманово од вечерва до недела ќе биде под изменет сообраќаен режим, поради одржување на концертите по повод Денот на ослободување на Куманово.
Над 400 дечиња од големата група од градинката „Ангел Шајче“, учествуваа на слет „Ние сме ветрот на бесконечноста“, по повод 500 години постоење и Денот на ослободување на Куманово.
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре со почеток во 18 часот ќе се одржи 18-ти Ромски фолклорен фестивал, во организација на ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“, Куманово.
Околу 40 отсто од светилките се променети во Куманово и селата, откако приватна фирма започна со одржување на јавното осветлување во градот, велат од Општина Куманово.
Во малата сала на Центарот за култура во Куманово, вечерва во 20 часот, ќе се одржи концерт со дела на композиторот Трајко Прокопиев, по повод 5 века постоење на Куманово, како и одбележување на 110 години од раѓањето и 30 години од смртта на великанот на современата македонска музика.
Во салата на Занаетчискиот дом во Куманово, отворена е изложба на портрети на градоначалници на Куманово, од ликовниот уметникот Борче Тодоровски од Прилеп.
Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово, вечерва во 20 часот ќе се игра претставата, односно монодрамата, "Дневникот на лудиот" од Николај Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на Бобан Алексоски.
Пет Ноемвриски награди оваа година ќе додели Општина Куманово, од вкупно 28 предлози, колку пристигнале до Комисијата за одбележување празници и манифестации
Полициски службеници од СВР Куманово, утринава во 4 часот по полноќ, на бул.„Октомвриска Револуција“ ги лишиле од слобода Б.Б.(47) и В.Д.(39), двајцата од Куманово, поради сторено кривично дело „тешка кражба“.
До Денот на ослободувањето на градот, односно до празникот 11 Ноември, се очекува да заврши изградбата на кружниот тек на крстосницата на улиците „11 Октомври“ и „Трета МУБ“.
Ученици од осум основни училишта од Куманово, денеска засадија дабово дрво во близина на споменикот „Жена борец“, по повод 5 века постоење на градот.
На подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 56 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 74 возачи.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса