
МОН ги исплати ученичките и студентските стипендии за месец јуни
Министерството за образование и наука информира дека исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година.
Министерството за образование и наука информира дека исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година.
Владата на денешната седница донесе одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.
Средствата од блок дотации кои државата ги дава на општината за покривање на режиските трошоци и превоз на учениците, кои оваа година останаа неискористени поради корона кризата и онлајн наставата, ќе се употребат за подобрување на просторните и технички капацитети во основните и средни училишта во Куманово.
Следниот месец се уписите во средните училишта и апелирам младите да продолжат да се образуваат водени од личните афинитети и секогаш во предвид да ги имаат состојбите на пазарот на трудот и слободните работни места за човечките ресурси во стопанството.
Министерството за одбрана вчера објави оглас за прием на 100 нови професионални војници во Армијата.
Владата денеска го задолжи Генералниот секретаријат да го објави јавниот повик за финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од ковид-19 економската криза.
На денешната седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.
Претседателот Стево Пендаровски денеска на вакциналниот пункт во спортската сала на „Перо Наков“ во Куманово ја прими вакцината против ковид-19. Пендаровски се одлучи да се вакцинира надвор од Скопје, за да подигне јавната свест за потребата од масовна вакцинација.
Од ноќеска на полноќ за половина денар се намалува цената на бензинот Еуросупер БС-95, а малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право. Но, реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот и неговите потреби, затоа што таа не само што не е избрзана, туку можеби и задоцнета, а резултатите од новата образовна концепција, треба да ги очекуваме по пет - шест години, кажа министерката за образование и наука Мила Царовска во врска со најавите на групата „Учебници и настава мора да има“ за протести во следните денови, поради промените кои треба да се случат во основното образование со почетокот на следната учебна година.
Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната пресконференција министерот за здрасвство д-р Венко Филипче. Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во ковид центрите во Скопје и низ државата е се помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерва по полноќ ќе изнесува е 68,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС -98 - 70 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 60 денари, а цената на нафтата за домаќинствата ќе биде 59,50 за литар.
Ден на полицијата за мене претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот – карактеристики што треба да ги развива секој поединец кој положил заклетва пред сината униформа, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во честитката до полициските службеници и МВР, по повод Денот на полицијата-7 Мај.
Детската амбасада МЕЃАШИ, реагира по повод загрижувачки дојави што стигнуваат до нив, а се поврзани со закани и опструкции врз ученици кои сакаат да го искажат своето незадоволство од образовните реформи.
Помали групи на ученици од неколку училишта во државата не ја посетуваат наставата организирана со физичко присуство, односно не се вклучени во онлајн наставата. Апелираме до нив и до нивните семејства, да ја променат таквата одлука и заедно со сите други ученици да се вратат на часовите и на процесот на стекнување знаења, што впрочем треба да биде нивен приоритет и единствена грижа, велат од Министерството за образование и наука (МОН).
Стигнаа регистарските таблички откако повеќе од еден месец имаше недостиг во станиците за регистрација. Граѓани се пожалија дека не можат да ги возат новите возила кои ги купиле, бидејќи државата не набавила навреме регистарски таблички и не може да се изврши регистрацијата.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса