
Kовид-19 да се признае како професионално заболување за сите работници, бара Синдикатот
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа побара ковид -19 да се признае како професионално заболување за сите работници, а на вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради оваа болест, да им бидат исплатени 100 проценти од основицата на плата утврдена со закон.