
Кризниот штаб предлага со закон да се ограничат цените на приватните болници за лекување на ковид болните, кажа Филипче
Главниот кризен штаб утре до Владата ќе поднесе предлог за изменa на Законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе им се ограничи висината на наплата на финансиски средства во време на кризна или вонредна состојба, конкретно за лекување на ковид пациенти, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.