Бадник и првиот ден Божиќ- неработни денови
Бадник-6 јануари, како и првиот ден Божиќ-7 јануари, се неработни денови за граѓаните од православна вероисповед, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Бадник-6 јануари, како и првиот ден Божиќ-7 јануари, се неработни денови за граѓаните од православна вероисповед, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Во текот на ноќта во СВР Куманово не биле пријавени поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Од полицијата велат дека новогодишната ноќ поминала исклучително мирно.
Првото бебе во Новата година е машко и се роди во 4.25 минути. На мајката Максути Макфире (26) од населбата Тоде Мендол, ова и е трето дете.
Успехот на кошаркарите, изградбата на aтлетскиот полигон, отпочнувањето на затворениот базен и пресудата во Хаг, се најзначајните настани на годината, по кои ќе ја паметат повеќето кумановските политичари, директори и новинари што ги анкетираше Кumanovonews.
Полицајци од Секторот за превенција денеска на Градскиот плоштад делеа флаери и рекламен матерјал во кој ги повикуваат граѓаните да се воздржат од употреба на пиротрхнички матерјал и оружје на новогодишните празници.
Претседателот на ДПСМ Иван Стоилковиќ, деновиве престојувал во Бања Лука, каде се сретнал со премиерот на Република Српска Милорад Додик.
Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска однесе пакетчиња на болните дечиња на детското одделение во Општата болница Куманово.
Дедо Мраз денеска не слета со падобран на градскиот плоштад во Куманово, поради тоа што имаше магла и времето беше многу ладно.
Во Центарот за јавно здравје Куманово во последниве три месеци има регистрирано 53 заболени од грип, со полесна клиничка слика.
С.В.(42) од с.Алгуња во својот дом криел стоки кои нелегално биле внесени преку граница.
Во просториите на општинската организација, СДСМ синоќа организираше коктел за своите членови и пријатели. Присутните ги поздравија и новогодишните празници им ги честитаа претседателката Снежана Захариева, пратеникот Оливер Спасовски и градоначалникот Зоран Дамјановски.
Две кумановки, синоќа на улица се испотепале и кубеле коси за дечко. Тепачката се случила во 17.30 часот на улицата „Братство Единство„, поточно на долниот влез на Градската џамија.
“Сон на летната ноќ- ама на наш начин” од Вилијам Шекспир, во изведба на средношколците од Куманово вечерва во 17 часот ќе се игра во Македонскиот народен театар во Скопје.
Амбасадорот на Романија, Јустинијан Фокша денеска ја посети општината Куманово, и разговараше со градоначалникот за економска и културна соработка на градовите од двете држави.
Доктор Алириза Османи од Куманово ќе биде почесен конзул на Република Романија во Македонија, во конзулат што наскоро ќе се отвори во Куманово.
Советот на Општината Куманово денеска го усвои буџетот за наредната година во висина од 27,5 милони евра. Од тоа 8,2 милиони евра се капитални инвестиции, а останатите се плати и матерјални трошоци на тековно работење на локалната администрација.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса