Власите го слават Националниот празник
Султанот Абдул Хамид II на 23 мај 1905 година потпишал Проглас, со кој на Власите им биле доделени национални права во Отоманското Царство. Овој ден се одбележува како „Национален ден на Власите“ и во Република Македонија е прогласен за државен празник за граѓаните од влашката етничка заедница.