Лозарите ги закроиа лозјата
На денешниот православен празник Свети Трифун, лозарите ги закројуваат лозовите гранчиња.
На денешниот православен празник Свети Трифун, лозарите ги закројуваат лозовите гранчиња.
Поправен е дефектот на електричната мрежа на езерото Глажња. Со тоа е отстранета можноста Куманово да остане без вода за пиење поради прекинатиот дотурот на вода меѓу двете брани.
По големите врнежи од снег нема големи потешкотии во одржување на линиите во меѓуградскиот сообраќај. Според автопревозниците сообраќајот се одвива забавено по автопатот и магистралните патишта, а прекинати се само на линиите во селските средини.
Подобрa инфраструктура и поедноставување на административните постапки во опоштините бараат бизнисмените од североисточниот регион и ќустендилската област за да можат да ја подобрат економската соработка.
Членовите на ВМРО- НП викендов и официјално преминаа во ВМРО-ДПМНЕ. Симболичниот пречек беше отганизиран викендов во простотиите на ВМРО-ДПМНЕ од страна на поголем број членови на општинскиот комите.
Општините Куманово и Старо Нагоричане одлучија да се продолжи прекинот на наставата во основните и средни училишта.
Над пет иљади жители на општината Старо Нагоричане останаа без здравствена заштита затоа што од пред нова година се затвориле селските амбуланти.
Славица Петровска (60) од селото Мглинце, поради сериозни здравствени проблеми синоќа била евакуирана од нејзиниот дом во завејаното планинско село од специјалци на МВР и АРМ.
Локалната самоуправа одлучи да се продолжи прекинот на наставата во основните и средни училишта до среда. Учениците ќе се вратат на училиште во четврток.
Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристевски заедно со членовите на клубот Ротари од Куманово денеска го посетија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака- наша„.
Врнежите од снег ќе се интензивираат во попладневните и вечерните часови и ќе бидат пообилни во западните делови од земјава.
Советниците денеска ја изгласаа програмата за работата на Советот за 2012. Програмата содржи над 100 точки, а во неа ќе се вметнат и предлозите на советниците за актуелни прашања со што се очекува да бидат обработени над 300 точки по дневниот ред.
Советникот од ВМРО-НП Миле Јакимовски денеска и официјално премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Својата одлука Јакумовски лично им ја соопшти на колегите советници на денешната седница на Советот.
Над илјада пензионери од Куманово се пријавиле да заминат на бањско-климатска рекреација што го организира Министерството за труд и социјална политика.
Анета А.(27) од Куманово вчера била пронајдена премрзната во близина на комплексот „Калабриа„ на патот кон селото Романовце. Претепаната жена ја нашил случаен минувач.
Општината Старо Нагоричaне интензивно работи на расчистување на патиштата во планинските козјачки села. Денеска екипите работеле на патот кон селото Длабочица.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса