Отворен ден на Мулти-култи
Центарот за меѓукултурен дијалог утре на Градскиот плоштад организира Отворен ден. Манифестацијата ќе трае од 18 до 20 часот, а во неа можат да се вклучат граѓаните.
Центарот за меѓукултурен дијалог утре на Градскиот плоштад организира Отворен ден. Манифестацијата ќе трае од 18 до 20 часот, а во неа можат да се вклучат граѓаните.
Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово ја презентираше публикацијата "Транспарентни општини-задоволни граѓани"во која се објавени резултати од шест месечен мониторинг на работата локалните самоуправи.
Општината Куманово има добар меѓународен кредитен рејтинг, што значи дека добро го менаџира буџетот, нема долгови и има фискален капацитет. Истовремено тоа покажува дека општината може да се носи со странски задолжувања и кредити за изградба на одредени инфраструктурни проекти.
Во хотелот Лав, синоќа беше отворена изложбата на слики од ликовната колонија „Зебарњак„. Дваесетина дела, главно масло на платно на уметници од Македонија и Србија беа претставени пред граѓаните.
Од средината на овој месец ќе започне зонското паркирање во Куманово, и граѓаните ќе плаќаат за користење на паркинг простор во централното градско подрачје.
ЈП „Чистота и Зеленило„ отвори цвеќарница на Градскиот плоштад. Над стотина видови на саксиско, режано и зимзелено цвеќе ќе можат граѓаните да најдат во современо опремениот простор.
320 лица заболени од акутна дијареа и труење со храна се евидентирани во Центарот за јавно здравје во текот на овој месец.
Утре ќе се одржи редовна седница на Советот на Општината Куманово. Советниците ќе расправаат по 15 точки на дневен ред, од кои 7 се предлог-одлуки за донесување на делови од деталниот урбанистички план.
Се испразни местото секретар на општината Куманово, по заминувањето на Оливер Спасовски на функцијата пратеник во македонското Собрание.
Во селото Романовце вчера беше пуштена во употреба ново-асфалтирана улица во должина од 600 метри, која ги поврзува асфалтната база кај автопатот и центарот на селото.
Девет уметника од Македонија и Србија веќе неколку дена творат на ликовната колонија Зебрњак, која се одржува во хотелот Лав.
Работам во Авганистан и би сакал да ги поттикнам надлежните институции во градот и државата да понудат конкретни решенија за инвестирање во проекти од луѓето кои работат во странство, а сакаат да помогнат на Куманово.
Стари мобилни телефони деновиве завршија на тротоарот пред музичкото училиште. Не е познато дали сопстевникот на дуќанот за поправка на телефони ги фрлил покрај контејнерот или пак луѓето што претураат по сметот ги извадиле и расфрлале наоколу.
Двајца советници од коалицијата за подобра Македонија, Јордан Пачков од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Стојковиќ од ДПСМ наскоро ќе го напуштат Советот на Општината Куманово.
Кумановската полиција поднеле кривична пријава и го спроведе Б.К.(43) од Србија, поради основано сомнение дека сторил фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.
Во меморијалниот центар Пелинце викендов заврши првиот детски ликовен камп „АСНОМ„ на кој учествуваа дваесетина ученици од основните училишта во градот. Талентираните дечиња од 5 до 8 одделение една недела создаваа уметнички дела во пет ликовни области и да се дружеа со своите врсници.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса