Во Куманово над 6000 семејства гладни
Во Куманово над 6000 семејства секојдневно се борат за да се прехранат или над 20 илјади жители се на работ на егзистенција. Нивниот број е можеби и поголем со оглед на тоа што дел од вработените со месеци не земаат плата, а не се регистрирани во Центарот за социјални работи.