Кравите од Пелинце заглавија во Кленике
Повеќе од еден месец поради бирократски лавиринти во судските и ветеринарни служби во Врање и Бујановац, кравите не се враќаат на сопственикот.
Повеќе од еден месец поради бирократски лавиринти во судските и ветеринарни служби во Врање и Бујановац, кравите не се враќаат на сопственикот.
Битката на Пелинце се случила на 13 јануари 1944 година на влезот во селото, кога се судриле батаљонот Никола Јорданов Орце, предводен од командантот Христијан Тодоровски-Карпош и бугарскиот полициски окупатор.
Денеска во Куманово се одржа едукација за даночните обврзници, правните и физички лица за електронско пријавување на даноците.
Корисниците на услугите на Банката треба да си ги променат броевите на тарнсакциските картички, бидејќи Статер банка АД - Куманово од 1 јануари 2011 година се присоедини кон Централната кооперативна банка АД Скопје.
Ансамблот за народни ромски игри и песни „Рушит Шакир„ во сабота организира свеченост по повод ромскиот празник Василица. По тој повод во ресторанот Југославија ќе се одржи Ромски бал.
С.Л. (26) од Куманово, заработи кривична пријава за сторено кривично дело „тешка телесна повреда„.
На градоначалниците по завршувањето на нивниот мандат да им биде исплаќана плата од општинската каса во форма на апанажа, побарала од Владата Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).
Кој позитивен и негативен настан ја одбележа минатата 2010 година? Ова прашање го поставивме на повеќе јавни личности и политичари во градот. Ги пренесуваме одговорите на оние што го удостојиа Kumanovonews да ги споделат нивните впечатоци од мината година, со нас и нашите читатели.
Граѓаните на Куманово во ноќните часови, видендите и празниците ќе продолжат да се лекуваат во Ургентниот центар се додека не се најде конечно решение на проблемот со дежурствата во примарната здравствена заштита.
Авто –мото сојузoт на Македонија ги известува граѓаните дека дел од патиштата се со намалена видливост поради магла.
Граѓаните на Куманово останаа без здравствена заштита во ноќните часови, за време на викендите и празниците затоа што во градот нема организирани дежурства во градот.
Сретствата во висина од 3,5 милиони евра што Општината Куманово ги доби за изградба на водоводнаи и канализациони системи од Европската банка за обнова и развој ќе бидат употребени за довршување на неколку селски мрежи.
Идеалниот политичар би требало да биде згоден како Тадиќ, богат како Ѓукановиќ, ефикасен како Динкиќ, начитан како Јосиповиќ, националист како Додик, пишува белградска „Политика„.
Големиот христијански празник „Божиќ - Денот на Рождеството Христово“ на граѓаните им го честитаа градоначалникот и претседателот на Советот, и им посакаа добро здравје, благосостојба и добра мисла .
На Градскиот плоштад во Куманово синоќа беше запален Бадниковиот оган. На традиционалната манифестација што ја организираше општинската oрганизација на СДСМ присуствуваа неколку илјади кумановци.
Старите лица сместени во Домот „Зафир Сајто„ денеска добија пакетчиња со овошје од членките на Клубот на жени на СДСМ.Пригодните подароци ги донираат по повод големиот христијански празник Божиќ, а оваа посета се реализира над 10 години.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса