Премиера на претставата „Нашата Коштана“ во изведба на учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва во 20.30 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Нашата Коштана“ по текст на Дијана Димковска, во режија на професорката по македонски јазик Соња Тодоровска, а во изведба на учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ - Куманово.